Профил на банката

Управување со ризици

Доброто управување со ризик има суштинско значење за успешниот развој на нашата институција. Ризиците можат да бидат идентификувани, проценети, контролирани и правилно управувани единствено доколку во функција се соодветни менџамент- ресурси и структури, вклучувајќи сектор за управување со ризик, одбори за управување со ризици и редовно известување.
 
За оваа цел, Банката постојано го развива системот за управување со ризик паралелно со својот раст, преку инвестирање во посветен кадар за управување со ризик, како и пошироката структура на комисии за управување со ризик. Комитетот за управување со кредитен ризик е фокусиран на анализата и управувањето со кредитниот ризик на банката. Од друга страна, Комисијата за управување со средства и обврски (ALCO) главно се концентрира на ликвидносниот ризик, ризикот од финансирање, меѓубанкарскиот ризик на изложеност, валутниот ризик и каматоносниот ризик, во исто време одржувајќи прегледност на ризикот за усогласеност и ризикот од работењето. Одборот за управување со оперативен ризик беше формиран како форум за отворена дискусија во врска со оперативните ризици со кои банката се соочува во текот на секојдневното работење и за оваа цел базата на податоци за настани кои предизвикуваат загуба продолжува да служи како корисен извор за идентификација на ризик. Дополнително, целта на Одборот за управување со ИТ прашања е да го намали оперативниот ризик поврзан со спроведувањето нови проекти.
 
На крај, земајќи ја предвид целокупната позиција на ризик, „Фич рејтингс" го потврди рејтингот на банката BB+ оценувајќи стабилна перспектива. Управувањето со ризик е поле во развој во кое-што процедурите и алатките постојано се ревидираат и подобруваат. Таков е и нашиот пристап во управувањето со ризик.