Профил на банката

ПРОКРЕДИТ ГРУПАЦИЈА НА ОДГОВОРНИ БАНКИ

ПроКредит Групацијата се состои од финансиски институции, кои обезбедуваат банкарски услуги во економиите во транзиција и земјите во развој и ПроКредит Банка во Германија. ПроКредит банките се одговорни банки. Со цел:
  • да бидеме матична банка за малите и средните претпријатија, коишто креираат работни места и го придвижуваат економскиот развој и
  • да обезбедиме сигурни, фер и транспарентни услуги за штедење и други банкарски услуги за поединците кои бараат соодветна банка на којашто можат да ѝ веруваат.
     
    Историјата на ПроКредит Групацијата е богата и го претставува фундаментот на она што сме денес. Првите ПроКредит банки беа основани пред повеќе од една декада, со цел значително да влијаат врз развојот, преку обезбедување заеми за потпомагање на  растот на малите бизниси и нудење депозити што ќе ги поттикнат на штедење физичките лица и семејствата со пониски приходи. Групацијата доживеа силен раст во текот на изминатите години и затоа денес сме еден од водечките провајдери на банкарски услуги за малите бизнис-клиенти во поголемиот дел од земјите во коишто работиме. 

Дознајте повеќе за групацијата ПроКредит тука.