Профил на банката

НАША МИСИЈА

ПроКредит е развојно ориентирана банка. Нудиме висококвалитетна услуга за мали и средни претпријатија, како и за физички лица кои сакаат да штедат. Во нашето работење се придржуваме до неколку основни принципи: вреднуваме транспарентност во комуникацијата со нашите клиенти, не промовираме потрошувачки кредити, се стремиме со нашето работење да придонесеме за зачувување на животната средина и нудиме услуги кои се темелат на разбирање на ситуацијата на секој клиент и на добра финансиска анализа.

Во нашето работење со бизнис-клиенти сме фокусирани на мали и средни претпријатија за кои веруваме дека создаваат најголем број работни места и кои даваат витален придонес во економијата во која работат. Со нудење едноставни и достапни можности за штедење, трансакциско работење и други банкарски услуги и преку инвестиции во финансиска едукација, целиме кон градење култура на штедење и финансиска одговорност.

Нашите акционери очекуваат сигурно враќање на инвестицијата на подолг временски период, не се фокусирани на краткорочна максимизација на профит. Значително инвестираме во обука и развој на нашите вработени со цел да создадеме пријатна и ефикасна работна атмосфера, како и да овозможиме најстручна и висококвалитетна услуга за нашите клиенти.