17% од кредитното портфолио на ПроКредит Банка се инвестиции во зелени проекти

Кредитното портфолио на ПроКредит Банка е составено од 17% инвестиции во проекти со позитивен импакт за зачувување на животната средина. ПроКредит Банка финансира изградба на енергетско ефикасни објекти, механизација, систем за греење и мерки за намалување на загубите на енергија при загревање – изолација, ефикасни прозорци и врати. Во доменот на обновливи извори на енергија најчести инвестиции се фотоцентрали и сончеви колектори. Дополнително, инвестираме во продукти кои овозможуваат заштеда на ресурси како вода, гориво, заштита на почва, намалена емисија на CO2.

1