ПроKредит Банка и МАСИТ во партнерство за заедничка поддршка на ИКТ секторот во Македонија

1

Со задоволство ве информираме дека ПроКредит Банка стана Патрон партнер на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ Скопје. Патрон партнерството произлезе како резултат на изминатата повеќегодишната соработка во која ПроКредит и МАСИТ успешно соработуваа на различни теми поврзани со ИКТ индустријата а со намера продолжување и продлабочување на заедничката соработка во претстојниот период.

Преку ова партнерство, во претстојната година ПроКредит Банка ќе го поддржува МАСИТ во неговите активности за претставување на Македонската ИКТ индустрија и промовирање и застапување на бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.

ПроКредит Банка е докажан партнер на бизнисот во изминатите две децении. Првата и единствена дигитална Банка во земјата која со својот концепт на работа има индивидуален пристап и висококвалитетна услуга за малите и средни претпријатија, но и за физичките лица кои сакаат да користат едноставно и модерно банкарство 24/7.

Во соработката со МАСИТ, ПроКредит банка ја потврдува својата заложба и посветеност кон ИКТ секторот.

За компаниите и вработените ИКТ секторот ПроКредит ги нуди следните поволности и услуги:

  • Поврзување на електронското банкарство со сметководствениот софтвер на компанијата
  • Камата на позитивно салдо на сметка за компанијата
  • Специјални курсеви за конверзија на валути
  • Фиксни, предвидливи провизии за платен промет во земјата и странство
  • Пакет на електронски услуги за вработени и специјални услови за кредитирање
  • Личен советник од Банката за компанијата и вработените

Во годината која претстои Прокредит преку соработката со МАСИТ и ИКТ компаниите ќе работи на нови продукти соодветни исклучиво за компаниите од ИКТ секторот а за сите кои сакаат подетално да се информираат за услугите на банката на располагање е контакт лице за клиенти од ИКТ секторот: Милан Дамчевски, ПроКредит Банка – 070/353-894, Milan.Damcevski@procredit-group.com