ЕИБ и ПроКредит групацијата ќе ги поддржат со 65 милиони евра малите и средни претпријатија во Западен Балкан

1

ЕИБ и ПроКредит одвојуваат 65 милиони евра за да го забрзаат закрепнувањето на малите и средните претпријатија од кризата со КОВИД-19 во Западен Балкан

  • Банката на ЕУ ќе ги поддржи со 65 милиони евра малите и средни претпријатија во Западен Балкан за да се одржат работни места и да се подготват за рестартирање
  • Кредитот е даден на банките на ПроКредит во Србија, Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина за да се одржи закрепнувањето и развојот на приватниот сектор на Западен Балкан и покрај пандемијата
  • До денес, ЕИБ инвестираше 4,1 милијарди евра во малите и средни претпријатија на Западен Балкан, одржувајќи повеќе од половина милион работни места

Европската инвестициска банка (ЕИБ) и групацијата ПроКредит се согласија за нова кредитна линија од 65 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) на Западен Балкан и нивно забрзано закрепнување од кризата со КОВИД-19. Оваа трансакција ги обезбедува навистина потребните финансии за претпријатијата во Србија, Албанија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина и ги опфаќа нивните обртни средства, ликвидност и инвестициски потреби во услови на тековната пандемија. Паралелно, со овој потег се зајакнува регионалниот банкарски сектор и неговата способност да го финансира економското закрепнување на Западен Балкан.

Со кредитот од ЕИБ ќе се ублажи економскиот шок предизвикан од пандемијата со КОВИД-19, поддржат претпријатијата, задржат работни места и одржат малите бизниси низ целиот регион. Кредитната линија е дел од пакетот за финансиска поддршка од 3,3 милијарди евра на Европската комисија наменета за Западен Балкан, од кои 1,7 милијарди евра од ЕИБ се наменети за поддршка на одржливо социјално и економско закрепнување во регионот. Кредитот на ЕИБ кон приватниот сектор ги следи напорите на Тимот на Европа за поддршка на Западен Балкан.

Потпретседателот на ЕИБ одговорен за Западен Балкан, Лилјана Павлова, рече: „Влијанието на КОВИД-19 се очекува да биде особено сурово врз МСП, што претставува околу 73% од вкупното вработување на Западен Балкан. Овој потег доаѓа во вистинско време за да му помогне на регионот да ја намали економската рецесија, да обезбеди вработување и да го поттикне развојот. Како што беше случај и претходно, ЕИБ уште еднаш ја изрази својата цврста поддршка за унапредување на развој на приватниот сектор, приближување кон стандардите на ЕУ и создавање на силен заеднички регионален пазар со зголемена конкурентност и можности за работа. Среќни сме што имаме толку сигурни партнери во регионот како што е ПроКредит банка. ”

Раководството на ProCredit Holding AG & Co. KGaA, матична компанија на групацијата ПроКредит, рече:

„Благодарение на добро воспоставените односи со нашите клиенти и партнери, како што е ЕИБ, успеавме да обезбедиме ефикасна поддршка на бројни МСП во овие бурни месеци. Оваа кредитна линија на ЕИБ ќе им помогне на МСП на Западен Балкан да го надминат краткорочниот недостиг на ликвидност и ќе обезбеди поддршка за нивните инвестициски проекти, истовремено отворајќи ги кон нови деловни активности и можности.

Очекуваме дека економското закрепнување во следните години ќе биде стимулирано со структурно поместување кон инвестиции што се климатски прифатливи, но и социјално и еколошки одржливи “.

Кредитната линија ќе им биде достапна на МСП во подружниците на ПроКредит во Србија, Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина. До денес, ЕИБ инвестираше 4,1 милијарди евра во МСП на Западен Балкан, кои помогнаа во одржување на над половина милион работни места во регионот.