Нова услуга за бизнис-клиенти: електронско потпишување договори

Клиентите на ПроКредит Банка кои користат рамковен договор имаат можност своите договори за кредити, акредитиви, гаранции, кредитни линии или краткорочно користење средства да ги потпишат од својата канцеларија.

Оваа новина значително ќе го забрза и поедностави начинот на работа со Банката. Рамковниот договор се одобрува и потпишува еднократно, а потоа секоја услуга може да се потпише електронски од која било локација, без присуство во експозитура.

Со додавањето на оваа услуга овозможуваме поедностваeн пристап до  финансиските услуги. Клиентите електронски ги потпишуваат договорите, ги добиваат средствата на својата сметка побрзо, а сите плаќања можат да ги извршуваат преку системот за електронско банкарство.

УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПОТПИШУВАЊЕ 

АПЛИКАЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ

Можете да аплицирате во која било експозитура на ПроКредит Банка (мрежа на експозитури).
За дополнителни информации обратете се во Контакт-центарот на 02/2446 000 во период од 08.00 до 20.00 секој работен ден или пратете е-маил на info@procreditbank.com.mk