Физички лица

Траен налог

Дали Ви се случува во текот на секојдневните обврски да заборавите на роковите за подмирување на сметките или извршување на уплатите? Искористете ја можноста ПроКредит Банка да се погрижи за Вашето точно и навремено плаќање преку активирање на траен налог. Трајниот налог е едноставен, сигурен и брз начин на плаќање на редовните сметки и останати трансфери, директно од Вашата трансакциска сметка.

 

За што можете да активирате траен налог?

  • За плаќање на Вашите сметки за фиксна и мобилна телефонија кон сите оператори
  • За редовно префрлување на средства кои сакате месечно да ги заштедите на Вашата штедна сметка за што добивате камата по видување
  • За трансфери кон други лица кон кои треба да вршите редовни уплати

Што добивате со активирање на траен налог?

  • Навремено ќе ги подмирувате сметките
  • Нема да заборавите да ја уплатите Вашата месечна заштеда
  • Лесно и одговорно ќе ги исполнувате обврските за префрлување на пари кон други лица
  • Ќе го заштедите Вашето време и ќе избегнете чекање во експозитура
  • Не плаќате провизија за плаќањата

Каков траен налог можете да активирате преку ПроКредит банка?

Стандарден траен налог
Стандардниот траен налог е налог кој еднаш го активирате во ПроКредит Банка и врз основа на истиот банката секој месец на назначениот датум ги префрлува потребните средства на лицето или фирмата на кого треба да се плати.

Лимитиран траен налог
Лимитираниот траен налог е налог со кој Вие го одредувате максималниот износ кој може да се плати. Доколку износот на сметката која сте ја назначиле за плаќање е повисока од максималниот износ кој сте го дозволиле, банката нема да го изврши плаќањето.

 

Како до траен налог?

  • Согласност за плаќање со траен налог може да потпишете во сите експозитури на ПроКредит Банка. (Погледни мрежа на екпозитури)
  • За информации обратете се во Контакт центарот на 02/2446 000 или info@procreditbank.com.mk

Како да бидете сигурни дека трансферот е реализиран?

  • Со услугата Електронско Банкарство имате можност да направите преглед на состојбата на Вашата сметка и да ги контролирате сите трансакции

 
20.09.2017
  • EUR 61,35 61,5932 61,80
  • USD 0 51,4477 0
  • CHF 0 53,3968 0
  • GBP 0 69,5026 0