Физички лица

ДОМАШНИ ПЛАЌАЊА

Системот за домашни плаќања Ви овозможува брзо и сигурно префрлување на средства во земјата. На располагање Ви се три можности за Вашите плаќања.

Итни плаќања – МИПС

МИПС е систем преку кој се извршуваат итни плаќања на кој било износ или плаќања на големи износи (над 1.000.000 денари) помеѓу различни банки или буџетски плаќања кои мораат да се извршат брзо, во реално време.

 
Преку овој систем Вашите налози регистрирани преку е-банкарство до 16.00 часот ќе бидат реализирани во истиот момент. Останатите налози ќе бидат реализирани следниот работен ден.
 
За оваа услуга се наплатува фиксна провизија согласно официјалниот ценовник на ПроКредит Банка.

Редовни плаќања – КИБС
КИБС  е систем преку кој се извршуваат редовни плаќања помеѓу различни банки или буџетски плаќања, кои се реализираат во текот на работниот ден.
 
Преку овој систем Вашите налози регистрирани преку е-банкарство до 14.00 часот ќе бидат реализирани во тековниот ден. Останатите налози ќе бидат реализирани следниот работен ден.
 

КИБС плаќањата се дел од нашиот Сет Банкарски Услуги за физички лица и истите се реализираат без дополнителна провизија.

 
Интерни трансфери во рамки на ПроКредит Банка
Доколку и испраќачот и примателот на средствата имаат трансакциски сметки во ПроКредит Банка, плаќањето се реализира на најбрз и најефтин начин.
 

Преку овој систем Вашите налози регистрирани преку е-банкарство, ќе бидат реализирани во истиот момент.

 

Интерните плаќањата се дел од нашиот Сет Банкарски Услуги за физички лица и истите се реализираат без дополнителна провизија

 

Траен налог

Трајниот налог е едноставен, сигурен и брз начин на плаќање на редовните сметки и останати трансфери, директно од Вашата трансакциска сметка.

 

Траен налог може да се активира за:

  • За плаќање на редовни комуналии со фиксен износ секој месец
  • За редовно штедење со Флекс заштеди
  • За трансфери кон други лица кон кои треба да вршите редовни уплати


Видови на траен налог

Стандарден траен налог
Стандардниот траен налог е налог кој еднаш го активирате во ПроКредит Банка и врз основа на истиот банката секој месец на назначениот датум ги префрлува потребните средства на лицето или фирмата на кого треба да се плати.

Лимитиран траен налог
Лимитираниот траен налог е налог со кој Вие го одредувате максималниот износ кој може да се плати. Доколку износот на сметката која сте ја назначиле за плаќање е повисока од максималниот износ кој сте го дозволиле, банката нема да го изврши плаќањето.

 

Како да бидете сигурни дека трансферот е реализиран?

  • Со услугата Електронско Банкарство имате можност да направите преглед на состојбата на Вашата сметка и да ги контролирате сите трансакции

 

 
20.09.2017
  • EUR 61,35 61,5932 61,80
  • USD 0 51,4477 0
  • CHF 0 53,3968 0
  • GBP 0 69,5026 0