СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ

 

ГОЛЕМ БРОЈ ПРИДОБИВКИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Започнувајќи од 01.03.2017 воведуваме СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ за физички лица, кој вклучува професионална банкарска услуга од советник за клиенти и голем број на придобивки, прилагодени на Вашите потреби преку преку Зона 24/7 и е-банкарство. 

Сетот банкарски услуги Ви е овозможен за месечна провизија од 120 ден, која ќе почне да се тарифира од месец Март и ќе се наплатува на крајот на секој календарски месец од Вашата трансакциска сметка. 

Како клиенти на ПроКредит Банка која Ви нуди 24 банкарство и пристап до Вашите сметки во секое време, за работа со банката ќе Ви биде потребно да користите СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ. Сетот вклучува картички за банкомати за плаќања во продавници и на интернет, електронско банкарство како и СМС нотификација. Дополнително, како екстра придобивка сите денарски плаќања во земјата преку е-банкарство ќе можете да ги реализирате БЕЗ ПРОВИЗИЈА.  
Повеќе не е потребно да плаќате за сите услуги поединечно, сега е сè вклучено во една единствена провизија, која е лесно да се следи на Вашиот месечен извод.   
 
Уникатните предности на услугите се следните:

Сметки во сите валути 

Дебитна картичка
Картичките на ПроКредит Банка се мултивалутни 
Со само една картичка имате пристап и преглед на трансакциските и штедни сметки на банкомат во МКД и ЕУР 
Со картичката можете да штедите, да уплаќате и повлекувате од Вашата штедна сметка на банкомат 24/7   

Интернет картичка
За безбедни плаќања на интернет
Имате потполна контрола на салдото на картичката преку електронско банкарство   

Електронско банкарство 
За плаќања од Вашиот дом или канцеларија 
Плаќања на комуналии и трансфери во земјата и во странство  
Опција за менувачница на сопствени сметки

СМС нотификации
Практична информација за сите трансакции на Вашите сметки над 500 денари преку СМС порака на телефон

ИНФО: Доколку не користите дел од горенаведените услуги, потребно е да пополните апликација.    

Бонус: бесплатни денарски плаќања во земјата
Сите регуларни (КИБС) плаќања преку електронско банкарство за комуналии, интерни плаќања како и плаќања кон други банки – се без провизија.
 
  Зона 24/7 
Безбедни и сигурни локации каде можете да уплаќате и повлекувате готовина на современи и модерни банкомати
Единствени Cash IN банкомати за уплати и исплати во ЕУР  
Инфо терминал на кој можете да плаќате на електронско банкарство со токен или да испечатите извод од сметка 
 
Мобилна апликација 
Инсталирајте ја мобилната апликација на ПроKредит Банка на Вашиот мобилен телефон (пристапете на Android или IStore) 
Имајте преглед на сите Ваши сметки и информации во ПроКредит Банка 

 

Корисни информации и најчести прашања:
 
1. Дали се наплаќа провизија за сет на банкарски услуги, ако немам ниедна трансакција во месецот?
Да. Клиентите се корисници на цел сет на услуги кои се тарифираат се додека сметката е активна.

2. Ако немам салдо на денарската сметка, дали провизијата ќе се наплати од сметка во друга валута на која има салдо? 
Да. Провизијата ќе се наплати од сметката на која има доволно средства за месечната провизија.
Доколку на салдото на Вашата сметка е помало од износот на провизијата, сметката ќе биде задолжена за остатокот од износот.

 

3. Доколку имам повеќе трансакциски сметка во ПроКредит, дали ќе имам засебна провизија за секоја сметка?

Не. Провизијата се наплатува по клиент и покрај останатите придобивки истата вклучува месечното одржување на сите сметки кои ги имате во ПроКредит Банка.

4. Дали картичките и сертификатот за е-банкинг се обновуваат автоматски или треба да аплицирам?
Се обновуваат доколку имате повеќе од 5 направени трансакции во текот на последната година на користење. Во останатите ситуации потребно е да аплицирате повторно за издавање на картичка или сертификат за е-банкинг.


5. Доколку ми треба дополнителна картичка поврзана со мојата сметка, дали имам дополнителен трошок / дали треба да аплицирам? 
При користење на дополнителни картички немате дополнителен трошок, но потребна е апликација. Апликацијата може да ја пополните на нашата Веб страна или во една од нашите експозитури.


6. Ако ја изгубам картичката, дали имам дополнителен трошок за нова?
Не. Доколку ја изгубите картичката немате дополнителен трошок за апликација на нова, но потребно е да ја информирате банката за изгубената картичка со цел истата да се поништи.