Физички лица

Меѓународни плаќања

Системот за меѓународни плаќања Ви овозможува брзо и сигурно префрлување на средства во странство. На располгање Ви се две можности за Вашите плаќања преку ПроКредит Банка.
 
ProPay меѓународни трансфери

Каков вид на плаќања можат да се извршуваат преку ProPay системот на ПроКредит Банка?

Доколку имате потреба да примате и испраќате средства од/на лице кое е исто така корисник на сметка во која било ПроКредит Банка во регионот, трансферот се реализира на најбрз и најефтин начин.
Следниве земји се во ProPay системот за плаќање: Германија, Косово, Алабанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцегвина, Грузија, Молдавија, Украина, Романија. Грција
 
 
 

За колку време ќе се реализира трансферот?

Во рок од 1 ден.
 

Дали ќе платам провизија?

Нема провизија за девизни приливи примени преку коресподентната банка ПроКредит Германија.
Фиксна провизија од 5 ЕУР без разлика на износот на плаќањето преку системот за електронско банкарство. За плаќања во експозитура се наплаќа провизија согласно официјалниот ценовнк на ПроКредит Банка.
 
Меѓународни трансфери помеѓу странски банки 

Кон кои банки можам да вршам и примам плаќања?

Можете да остварувате прилив и одлив на пари во која било странска банка во светот.
Доколку имате потреба да испратите средства во странство, односно да направите дознака, потребно е во ПроКредит Банка да доставите инструкции за плаќањето.
Доколку очекувате прилив од странство, потребно е да ги пополните и проследите до испраќачот на средствата следните инструкции за девизен прилив од странство
 

Дали ќе платам провизија?

За оваа услуга се наплатува провизија согласно официјалниот ценовник на ПроКредит Банка.
За уплатите и исплатите на готовина во странска валута банката не наплатува провизија. 

 
 
25.05.2017
  • EUR 61,35 61,5903 61,80
  • USD 0 54,9178 0
  • CHF 0 56,4427 0
  • GBP 0 71,2356 0