Банка за мојот бизнис

Инкасо

Разбираме дека за Вашиот увоз и извоз на стоки потребен Ви е едноставен инструмент за обезбедување кој ќе Ви овозможи сигурна достава или плаќање од Вашите деловни партнери во странство. Затоа Ви нудиме можност за користење на инкасо што ќе ја зголеми сигурноста на бизнис релацијата и ќе го олесни работењето со Вашите добавувачи и клиенти.

Што претставува документарното плаќање / наплата (инкасо)?

Инкасото може да Ви помогне при обезбедување на квалитетот, квантитетот и плаќањето на стоките. Тоа е сет од документи со содржина претходно договорена помеѓу договорните страни кој банката на извозникот ги испраќа до банката на увозникот на стоката.

Инкасото е директен и економичен процес на плаќање кој нуди одреден степен на заштита како што е исправноста, квалитетот, квантитетот, начинот на испорака во зависност од содржината на испратените документи.

Како да аплицирам за документарна наплата / плаќање?

  • Аплицирај за извозно инкасо со пополнување на инструкции за инкасо документи
  • Информирај ја банката на деловниот партнер за испраќање на документите до ПроКредит Банка
  • За дополнителни информации обратете се во Контакт центарот на банката 02/ 2446 000 или info@procreditbank.com.mk.

24.03.2017
  • EUR 61,35 61,6875 61,80
  • USD 0 57,1922 0
  • CHF 0 57,6519 0
  • GBP 0 71,5052 0