Нашата ЕКО стратегија

EKO ИНИЦИЈАТИВА ‘’РАЗМИСЛИ ОДГОВОРНО’’ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Целта на оваа акција е подигнување на свеста за негативното влијание на пластичните кеси кои завршуваат во животната средина. Во рамки на кампањата на граѓаните им подаруваме платнени ЕКО торби, изработени од 100% памук со меѓународен сертификат за стандардизирано производство со минимален ефект врз животната средина. Со тоа поттикнуваме замена на пластичната кеса со алтернатива која помалку загадува, а со тоа  придонесуваме за почиста и поздрава животна средина.  
 

          

               

              

Еко иницијатива ‘’Штеди ја природата’’

Оваа еко- акцијата под мотото „Штеди ја природата“, oрганизирана на иницијатива на вработените од ПроКредит Банка, успешно се реализираше на повеќе локации – Струмица на браната Водоча, Тетово - Шар Планина, Охрид - Градската плажа и Кејот на реката Вардар. На сите локации беа вклучени вработените на банката, како и локалните јавни претпријатија со соодветна механизација - багери, камиони, косилки, метачки, дувалки, се со цел што поуспешно расчистување на отпадот од локациите. На крајот на акцијата беа наполнети повеќе 1000 кеси за отпад.
 
              
 
               
 

Еко акција-порибување Дојран

ПроКредит Банка и нејзините вработени активно придонеоа за збогатување на животинскиот свет во Дојранското Езеро, зафатено од катастрофалното истребување на животинските видови и уништување на водната флора. Акцијата опфаќаше порибување со мали рипчиња од врстата крап. Во езерото беа порибени повеќе од 100 тони нова риба.
 
Дополнително на оваа акција, во насока на поддршка на туризмот во овој град во 2009 година ПроКредит Банка донирашњ и патокази, мапа на градот и клупи.
 
              

Еко акција-чистење и поставување клупи и канти за отпадоци на Езеро Матка

Целта на оваа еко акција беше расчистување на сметот и кастрење на суви гранки долж кањонот Матка.  Покрај тоа, на оваа локација беа поставени и 7 клупи и 15 корпи за отпадоци со цел ова туристичко место да има  повеќе можности за зачувување на здрава и чиста животна средина без смет.
 
На еко акцијата активно учество земаа вработените во ПроКредит Банка, Град Скопје и “Паркови и зеленило”, и граѓани волонтери кои сакаа да придонесат за почиста и поздрава средина. 
 
              

20.09.2017
  • EUR 61,35 61,5932 61,80
  • USD 0 51,4477 0
  • CHF 0 53,3968 0
  • GBP 0 69,5026 0