Физички лица

Државни записи и државни обврзници

1. Што се државни записи и државни обврзници?

Почнувајќи од 20-ти јануари 2004 година, Министерството за финансии, во име на Република Македонија, започна со издавање на краткорочни државни хартии од вредност, односно државни записи. Агент на државата во врска со емисијата на државните записи е Народната банка на Република Македонија. Државните записи и државните обврзници се издаваат и исплаќаат во денари, во електронска форма, по номинална вредност, а се уплаќаат по дисконтирана вредност.
 

2. Кој може да запише државни записи и државни обврзници?

Сите правни и физички лица, резиденти и нерезиденти, можат да запишат државни записи и државни обврзници преку домашните банки. Номиналната вредност на државните записи и државните обврзници е 10 илјади денари. Важна забелешка за нерезидентите: нерезидентните правни и физички лица кои сакаат да учествуваат на аукцијата, мора претходно да се регистрираат во Централниот депозитар на хартии од вредност.
 

3. Која е цената на државни записи и државни обврзници?

Средствата пласирани во државните записи и државните обврзници носат фиксна камата, чие ниво варира во зависност од пазарните услови. Притоа клиентот сам ја одредува висината на цената (каматата) со која ќе аукцира. Провизијата на ПроКредит Банка за оваа услуга е согласно официјалнта тарифа на банката.
 

4. Која е постапката за запишување на државни записи и државни обврзници?

а) Пред денот на аукцијата
Министерството за финансии објавува календар на аукциите. ПроКредит Банка во своите простории го истакнува календарот и проспектот (понудата) за аукциите на државните записи и државните обврзници, кои МФ ги објавува во 4 работни дена пред денот на аукцијата. Комитентите на ПроКредит Банка кои сакаат да учествуваат на аукцијата, пополнуваат барање за запишување на државните записи и државните обврзници (образец ПЗ3) веднаш по истакнувањето на проспектот во просториите на Банката, а најдоцна до крајот на работното време на Банката во денот пред денот на аукцијата. Во барањето, покрај основните податоци, кбелиентот ги наведува и износите и цените со кои сака да аукцира. Притоа, клиентот може да аукцира и со неколку износи по различни цени. Одговорниот за банкарски операции врши пресметка на дисконтираните износи согласно податоците наведени во барањето. Потоа клиентот го уплаќа збирниот дисконтиран износ (доколку аукцира со повеќе износи) и го потпишува образецот ПЗ3.
 
б) На денот на аукцијата
Аукцијата на државните записи и државните обврзници се одржува согласно објавениот календар, во периодот помеѓу 11:00 и 12:00 часот. Резултатите од одржаната аукција НБРМ ги објавува во периодот помеѓу 13:00 и 13:30 часот, по што ПроКредит Банка веднаш ги известува своите клиенти за исходот.
 
в) На денот по аукцијата
Централниот депозитар на хартии од вредност ги регистира сите запишани државни записи и државни обврзници . Еден ден по денот на одржување на аукцијата Централниот депозитар ги известува имателите на ПЗ3 за стекнување на сопственоста.
 

5. Што се случува на денот на доспевање?

На денот на доспевање, ПроКредит Банка ја одобрува сметката на клиентот со номиналниот износ на запишаните записи, намалена за провизијата (од точка 3.).
 

 
 
25.05.2017
  • EUR 61,35 61,5903 61,80
  • USD 0 54,9178 0
  • CHF 0 56,4427 0
  • GBP 0 71,2356 0