Банка за мојот бизнис

Банкарски гаранции

Го разбираме значењето на сигурни и регулирани партнерски односи со Вашите деловни партнери во земјата и странство. Затоа Ви нудиме можност за користење на повеќе видови банкарски гаранции кои значително ќе го олеснат работењeто со Вашите добавувачи и клиенти, ќе го забрзаат и гарантираат процесот на плаќање, испорака и квалитет.

Што претставува банкарската гаранција?

Банкарската гаранција е инструмент кој може да Ви помогне за навремено плаќање на стоките/услугите или доброто извршување на договорната обврска.
 
Овој инструмент го штити исполнувањето на договорот, штитејќи ги интересите на налогодавачот (купувачот/извршителот) и на корисникот (продавачот/нарачателот). Со тоа Вашиот бизнис е заштитен од непредвидени трошоци и одложувања.
 

Што доколку договорната страна не ги испочитува условите од договорот?

Корисникот на гаранцијата е заштитен од неисполнување на договорените обврски (плаќање или испорака на услуга). Во случај кога купувачот нема да ги исполни договорните обврски, ПроКредит банка го извршува плаќањето на прво барање на корисникот и по презентација на документите наведени во текстот на гаранцијата. Доколку условите се исполнети плаќањата од страната на банката се извршуваат во рок од 5 (пет) работни дена.
 
Налогодавачот на гаранцијата е заштитен од неосновано активирање на гаранцијата. Доколку корисникот на гаранцијата не ја испорача стоката или услугата согласно договорните услови, тој нема да биде во можност да ги приложи документите кои ја потврдуваат испораката, квалитетот или квантитетот на испорачаната стока или услуга и со тоа нема да има обврска да ја плати стоката или услугата.
          

Какви видови банкарски гаранции можам да користам?

Во ПроКредит Банка можете да ги користите една од следниве банкарски гаранции:
 

Вид

Намена

Износ

Валидност

Платежна

За обезбедување на плаќањето или испораката на стоката.

Не повеќе од износот на документот, кој е основ за издавање гаранција.

Не подолго од валидноста на документот кој е основ за издавање продолжена за одложеното.

Тендерска

За обезбедување на исполнувањето на договорните обврски кои произлегуваат од јавната набавка (тендерот).

Од 2% до 10% од износот на понудата.

Не подолго од валидноста на тендерот продолжена за деновите за жалба (минимално 14 дена).

Авансна

За обезбедување на авансот исплатен од Корисникот на гаранцијата на Должникот по гаранцијата.

Износот на или помал од износот на дадениот аванс.

До испорака/извршување на стоката/услугата или кратко потоа .

Гаранција за добро извршување

За обезбедување на навременото или квалитетно извршување на договорот.

Од 5% до 15% од износот на договорот.

До исполнување на обврските по договорот.

За гарантен период

За обезбедување на паричните средства наменети за отстранување на недостатоците од несоодветно извршената договорна работа.

Од 5% до 20% од износот на договорот.

До времетраењето на гарантниот период.

Царинска

Обезбедување на долг при следните царински постапки: пуштање во слободен промет, царинско складирање, увоз/извоз за облагородување, преработка под царинска контрола, привремен увоз, извоз и привремено чување.

***Дополнително на критериумите наведени во табелата, износот и валидноста на гаранцијата се утврдуваат во согласност со одлуката на кредитниот комитет на ПроКредит Банка АД

Дали ПроКредит Банка има меѓународен рејтинг од официјална рејтинг агенција?

ПроКредит Банка е единствена банка во Република Македонија која е рангирана според Fitch Ratings со кредитен рејтинг BB+. Потврдата на овој меѓународен рејтинг можете да ја доставите до Вашите партнери во земјата и странство. ПроКредит е единствената банка во Македонија која има кредитен рејтинг од меѓународна рејтинг институција.
 

Како да аплицирам за издавање на банкарска гаранција?

27.03.2017
  • EUR 61,35 61,6942 61,80
  • USD 0 57,0978 0
  • CHF 0 57,5613 0
  • GBP 0 71,2404 0